Jапонските научници го најдоа решението за сите мажи кои се во потрага по згодна партнерка. Се вика Лиса, чисти, готви и најважното - не мрчи.
Науморните Јапонци успеаа да го исполнат сонот на секој маж - создадоа совршена жена прилагодлива според индивидуалните потреби. Нормално, совршената жена не е од крв и месо (значи - не старее, хехе), готви, чисти, масира, и нормално - знае да молчи.
Роботката Лиса може да се набави во две варијанти - лежерна (домаќинска) и во секси варијанта, во зависност од тоа што ви треба. Бојата на очите и косата исто така се по избор.
Доколку мислите дека ова чудо на техниката не разбира ништо, се лажете. Лиса препознава звуци и слики, а чувствителна е и на допир.
Погледнете ги двете видеа:
Четврток, 12.06.2008