Шоубизнис

» поопширно



Проширување на вселенскиот дом

Понеделник, 17.11.2008

Американскиот вселенски брод "Endeavour" (Ендевор) од петокот вечер со лансирањето од Кејп Канаверал на Флорида, патува со својот седумчлен екипаж кој има за цел да го дуплира капацитетот за престој на Меѓународната вселенска станица "Мир". Спојувањето на "Ендевор" и "Мир" успешно се случи синоќа.

При полетувањето на овој (досега 27-ми) вселенски брод кој оди кон станицата "Мир" се ослободува енергија која е еднаква на мала нуклеарна бомба, а во својот товарен простор носи вкупно 14.5 тони материјал и опрема кои ќе овозможат зголемување на капацитетот на вселенската станица од 3 на 6 астронаути.

Екипажот за време на оваа мисија ќе ја проши станицата со две кабини за спиење, опрема за вежбање, уште еден тоалет, фрижидер и две нови "рерни" за загревање храна, како и со нов фрижидер и печка кои ќе се користат во лабораториски цели. Покрај ова, ќе се интегрира и систем кој ќе ги прочистува отпадните води, па и урината на астронаутите - и ќе произведува вода за пиење.

Зголемувањето на "сместувачкиот" капацитет на ISS (International Space Station) е потребно поради обавувањето на повеќе истражувања, а воедно со ова проширување, европските и јапонските астронаути ќе добијат шанса подолго да престојуваат на "Мир".

http://kajgana.com/statija_4018.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com